Германските вооружени сили денеска го пуштија во употреба својот вселенски центар, кој се наоѓа во базата во провинцијата Северна Рајна – Вестфалија.

– Вселената стана критична инфраструктура која треба да се заштити, изјави министерката за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер на церемонијата на отворањето на центарот.

Неговата основна задача ќе биде да ги заштити шесте германски воени сателити во орбитата, да го следи вселенскиот отпад и да ги анализира разузнавачките активности на другите држави во вселената, објави Дојче веле.

Околу 80 лица се ангажирани во активностите на вселенскиот центар, а нивниот број треба да се зголеми на 250.