Претседателот на кривичен суд Иван Џолев побарал, а Судскиот совет само констатирал дека поротникот Митко Сандев има 60 години и со тоа му прекинува мандатот.
Тоа е поротникот за кој ВМРО-ДПМНЕ веќе некоку месеци тврди дека не може да ја врши функцијата, а кој е дел од судскиот совет во случајот против опизционата партија врз основа на кој и е блокирана сметката. По неколкумесечно одбивање да се соочи со реалноста, а партиското судство конечно мораше да ја прифати реалноста и да го испрати Сандев во пензија.
Со ова ќе мора да се назначи нов во судечките совети каде Сандев учествувал и тие ќе мора да почнат одново. Станува збор за седум случаи, како „Титаник“, „Талир“, потоа случајот „Тендери“ во кој е обвинета екс министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска а чие рочиште вчера беше одложено поради дијареа на друга обвинета.
Со овие предмети и претходно со три кои ги водеше советот на судијата Горан Бошевски од ново ќе почнат дури 7 иницирани од СЈО. Во нив се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Гордана Јанкуловска, Кирил Божиновски, Илија Димовски и други.