Субвенциите не се исплатени, откуп нема, а скапата нафта ги дотепа земјоделците, Хоџа и Владата потфрлија, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавите на Арјанит Хоџа кој беше гостин во ТВ Канал 5.

Реакцијата ја објавуваме во целост:

Субвенциите не се исплатени, откуп нема, а скапата нафта ги дотепа земјоделците, Хоџа и Владата потфрлија.

Не само што доцнат субвенциите за оваа година, не се исплатени и дел од субвенциите за 2017, 2018, и 2019 година.

Субвенциите како мерка се смислени за да им помогнат на земјоделците во текот на една земјоделска година, а не да доцнат и по неколку години.

Не само што се оставени без субвенции. Туку земјоделците четири години мака мачат и со откупот. Нема култура која не заврши на депонија, буниште или канал. Тоа е затоа што власта се фалеше, а не обезбеди сигурен откуп и високи откупни цени.

Тутунот, млекото, грозјето, се’ се продава за џабе.

И проблемите не застануваат тука, ако во светот земјоделците имаат големи поволности при купување на нафта, во Македонија само заради Заев земјоделците плаќаат 10 денари поскапа нафта како последица на акцизите и даноците кои ги воведе.

Земјоделието не може да мрдне од мртва точка со Заев.

Време е овој лош период за земјоделието да заврши. Време е за Македонија за сите луѓе!

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ