Шпанија ја победи Србија со 13-12 во денешното отворање на ватерполо турнирот на Летните олимписки игри, во колото во кое изненадувачки загуби и Унгарија од Грузија со 9-10.
Србија имаше напад барем за реми, откако Шпанците не искористија во последната минута да го решат мечот, но наместо да стигнат до погодок, северните соседи кои се кандидати за медал, лесно ја прокоцкаа шансата, па Шпанците го задржаа водството за на крај да се израдуваат на триумфот, а пресудна беше средината на четвртата четвртина, кога успеаа да дојдат до два гола предност.
Ватерполистите на Грција го приредија најголемото изненадување низ досегашните натпревари на ватерполо-турнирот на ЛОИ победувајќи ја Унгарија со 10-9 во првото коло од Групата А.
Грците до победата ги водеше Јоанис Фунтулис со три гола, а Варга и Ердељи исто така со по три погодоци беа најдобри кај Унгарија.
Во истата група САД славеше против Јапонија со 15-13, благодарение на Алекс Бовен со пет гола.
Прва победа во Групата А запиша и репрезентацијата на Италија која беше убедлива против Јужна Африка со 21-2.