САД ќе продолжат да го бомбардираат Авганистан доколку талибанците ја продолжат офанзивата на Кабул.
-Талибанците го напаѓаат Кабул од мај годинава, а ако тоа продолжи, САД ќе продолжат да даваат поддршка на авганистанската влада, изјави денеска шефот на воените операции во таа држава, Кенет Мекензи.
– САД ги засилија воздушните напади како поддршка на авганистанските сили и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме доколку талибанците продолжат со нападите, нагласи Мекензи.