Претседателот на САД, Џо Бајден се надева неделава Конгресот да започне со разгледување на предложениот пакет мерки за обнова на инфраструктурата во висина од 1.2 трилиони долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Овој пакет е прв од двата предложени од Администрацијата. Вториот пакет мерки е во висина од 3.5 трилиони долари, а се однесува на сеопфатна трансформација на инфраструктурата и пазарот на трудот во согласност со новите трендови на обновливи извори на енергија и запирање на климатските промени.  

Има првичен договор со републиканските претставници од Конгресот, како Мич Мекконел, кој дава одобрување за пакетот, и формалната процедура да се постави на гласање нацрт-законот, кој се очекува да заврши неделава. 

Спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси не ја исклучи можноста гласањето да биде одложено се додека не биде постигнат договор со републиканците и по вториот пакет инвестиции во инфраструктурата. 

Обидите на Бајден за обнова на инфраструктурата се критикувани од конзервативните републиканци и од поранешниот претседател Доналд Трамп.