СДСМ го уништи Охрид со дивоградби, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ:
Откако СДСМ е на власт никнуваат секој ден дивоградби во Охрид, а Заев со прст не мрдна да ги спречи, луѓе од неговата коалиција дивеат во градот и се дел од урбаната мафија.
Поради Заев и Константин Георгиевски Охрид може да го загуби статусот на заштита од УНЕСКО.
Власта на СДСМ е директно виновна за хаосот во Охрид.
Затоа новата општинска власт во Охрид од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени работите и ќе го врати сјајот на градот.
Време е за одговорни политики. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ