Северна Кореја ја предупреди Јужна Кореја да не одржува заедничка воена вежба со САД, неколку дена откако по една година повторно беше воспоставен комуникациски канал помеѓу двете земји.
– Таквите вежби се несакан увод, што сериозно ја попткопува желбата на лидерите на северниот и јужниот сосед да преземат чекори кон воспоставување на меѓусебна доверба, изјави денеска Ким Јо-џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Во Јужна Кореја нејзината изјава се протолкува како обид да се изврши притисок врз Сеул да ги откаже годишните летните воени вежби.
Пјонгјанг истакнува дека годишната заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја се подготовки за напад, а Вашингтон и Сеул демантираат.
Јужна Кореја соопшти дека се уште не е познато кога и во која мера годинава ќе се одржи заедничката воена вежба со САД, стравувајќи оти истата би можела да им наштетат на преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Северна и Јужна Кореја на 27 јули повторно ги отворија службените комуникациски канали, во согласност со договорот постигнат во април помеѓу Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.
Ким минатата недела побара зголемување на борбената ефикасност на армијата, а од военото и политичкото раководство побара да ги насочи сите напори кон завршување на подготовките за активна и офанзивна конфронтација со каква било воена провокација на непријателот.
Тој, исто така, ги обвини непријателските сили, САД и и Јужна Кореја дека ги зајакнуваат своите способности да преземат превентивен напад и да ги интензивираат воените вежби како подготовка за агресија, и поради тоа побара зголемување на борбената ефикасност на севернокорејските единици.