Претседателот на Кина, Си Џинпинг денска изјави дека Пекинг ќе се обиде годинава да достави две милијади дози вакцини против Ковид-19 во светот и оти ќе подари 100 милиони дози за најсиромашните држави.
– Кина во текот на годината ќе се стреми да го обезбеди светот со две милијарди дози вакцини против коронавирусот, истакна Си на видео конференцијата за соработка во областа на вакцинацијата.
Кина исто така вети донација од 100 милиони долари за механизмот КОВАКС.
Минатата недела кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Кина од почетокот на годината доставила над 700 милиони дози вакцини против Ковид-19.