Пожарите потврдија дека Владата на Заев е опасно неспособна. Власта на СДСМ дезертираше и го остави народот на цедило со пожарите. Покажа дека системот не функционира и дека СДСМ има трула власт.

Ова се нагласува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со пожарите и актуелната состојба во Македонија.

-Заев отиде да се слика во Берово, замина, а пожарот продолжи. Така работи владата на Заев, шминкерски, труло, несистемски. Овој пат таквата опасна неспособност се плати и со животи. Наместо да гасат пожари СДСМ пушташе лажни вести и клевети, затоа што за оваа власт на Заев животите немаат вредност. Наместо со спасување на народот тие се занимаваат со некрофилија и клевети. Пожарите потврдија дека Владата на Заев е опасно неспособна. Потребно е Собранието итно да расправа за недостатоците на системот и да се лоцира и индивидуалната одговорност за пропустите, се вели во соопштението.

И покрај помошта од неколку земји, во Македонија и денес се активни десетина пожари.