Пентагон ќе побара задолжителна вакцинација против Ковид -19 за припадниците на американската војска во најскоро време, се вели во меморандумот во кој имал увид Асошиејтед Прес, пренесува Фокс њуз.

„Ќе барам одобрение од Претседателот да ги направи вакцините задолжителни најдоцна до средината на септември, или веднаш по лиценцирање од Агенцијата за храна и лекови – што и да биде попрво“, се вели во меморандумот од секретарот за одбрана Лојд Остин до војниците, со што побара да се подготват за таквото барање.

Тој додаде дека ако стапките на инфекција се зголемат и потенцијално влијаат на воената подготвеност, „нема да се двоумам да дејствувам порано или да му препорачам поинаков пристап на претседателот, доколку чувствувам потреба да го сторам тоа. За да ја одбраниме оваа нација, потребна ни е здрава и подготвена воена сила, се посочува во документот.