Најновиот албум „Николова единаесетка“ со традиционална музика на професорот по музичка уметност, Александар Ицов ќе биде промовиран на 11-ти август во 20 часот во Радовиш.
Ќе бидат промовирани и неколку видео записи за композициите кои се наоѓаат на албумот, а тоа се: Ацево естрадно оро, Везена деветка, Николова единасетка, Скорушка гајда, Братски мерак, Михаелина игра, Јанино оро и Ратевка. „Николова единаесетка“ е посветена на неговиот син. Александар Ицов свири на неколку народни инструменти, гајда, кавал, зурла, тамбура, а виртуоз е на хармоника.
Ицов магистрирал на ФДУ во класата на Драган Даутовски и е негувач на изворната македонска музика и македонскиот мелос, но и автор на новокомпонирана народна музика, промотор на убавините на Македонија преку видео записите за истите. Гости на албумот се Гоце Јанкулов на кларинет, Демир Кантуроски на труба, Љупчо Соколовски на клавијатури, а издавач на ова ЦД е Сенатор од Битола.