УХМР соопшти дека количествата врнежи во јули 2021 биле многу под просечните. Најмногу врнежи имало во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмалку во Струмица 0,4. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, во Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6, а во Гевгелија 1,1 милиметар.

Првата декада од месецот, како што информира УХМР, била екстремно сушна, освен во западниот дел на земјата, каде што имало нормално влажни услови. Во втората декада нормално до екстремно влажни услови биле регистрирани во северозападниот дел, особено во планинските предели, додека во останатиот југоисточен дел врнежите биле незначителни. Третата декада била екстремно сушна на поголем дел од територијата.

-Споредено со многугодишните просечни вредности, измерените месечни суми на врнежи на сите мерни места се под просечните количества и тоа за два до три пати, а во југостичниот дел врнежите беа незначителни, наведува УХМР.