По кратко боледување синоќа во Скопје почина познатата актерка Сабина Ајрула Тозија, на 75-годишна возраст.

Во нејзината биографија стои дека својот работен век го започнува во Драмскиот театар каде доаѓа веднаш по завршување на економската гимназија „Моша Пијаде“. Но не само во Драмски, ами нејзината кариера тече и во низа независни театарски продукции. На македонската театарска сцена останува забележана по улогите во познатите „Болва во уво“, „Хамлет“, „Дамите од Аламо“, „Орест“ и многу други.

Повозрасната македонска публика ја памети во улогата на Фатиме во „Солунски патрдии“, додека пак помладите генерации ја запознаа преку телевизиската серија „Зоки Поки“.

Во нејзиниот актерска кариера се запишани и филмовите „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Сенки“ и многу други.

Последните години Ајрула Тозија беше ангажирана во турската филмска индустрија.