Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу тоа како гледа на најавената прослава за Рамковниот Договор на која ќе се потрошат околу 500 илјади евра со оглед на тоа дека претходно канадерите кои треба да гасат пожари не биле сервисирани за 400 илјади евра, истакна дека треба да се направи прошетка низ Центарот на Скопје и да се погледне колку пожарникарски возила се претворени во споменици.
„Се надевам дека овој пат лекцијата е научена и некои работи брзо ќе бидат променети“, посочи Ангелов.
Порталот Вечер.мк пак објави анализа за непотребните трошоци кои оваа Влада ги направила, а кои Ајнштајновиот ум на Стојанче Ангелов не може да ги процесуира:
„Само за лубриканти, сексуални подмачкувачи кои се за една мала група граѓани од ЛГБТ заедницата владата даде 2 милиони евра. За невладините организации кои, иако невладини земаат владини пари, дадени се над 7 милиони евра. За братот на провладиниот новинар Сашо Орданоски Фондот за иновации даде 350.000 евра. За весници кои никој не ги чита, но пропагиораат провладина политика, владата измисли фонд со кој годишно им дава по 1,5 милиони евра.
…За консултатски услуги на Сашо Орданоски и слични провладини ПР новинари и пропагандисти нови 600.000 евра. За “владини стартегии’ на Петар Арсовски и други, само од познатите плаќања, исплатени им се над 600.000 евра. Петре Шилегов за трева во ТЦ Мавровка донираше 700.000 евра градски пари, секако во суштина за купување албански гласови за локални избори. Шилегов даде и околу 800.000 евра за куќа за пингвини и лимени динасурии. Истиот Петре Шилегов направи проневера на околу 2 милиони евра, повторно за купување албански гласови за локални избори во Сарај и Кондово, продавајќи го езерото Треска сосе околината за 72 денари (1,2 евра) квардат со 141 парцела со вкупна градежна површина од 85.310 метри квадратни метри! За само 98.500 евра!…“, пишува Вечер и додава:
„Кога ќе се соберат само наведените плаќања со кои се купуваат невладини активисти, медиуми и новинари за потреби на партиска пропаганда од минатите парламентарни избори до сега исплатени се огромни 13 милиони евра, а тое се само исплати кои се јавни познати, финалната бројка е многу поголема…
…Во време на Груевски, во период од 2011-та до крај на 2015-та година во организација и на трошок на владата насадени се 15.754.280 садници на зимзелени и листопадни дрва на површина од 5.010 хектари низ цела Македонија. Почна да се менува климата и квалитетот на воздухот низ цела Македонија.“