Следниот бран на Ковид-19 во Австрија ќе биде бран зараза на невакцинираните лица, предупредуваат епидемиолозите.

Епидемиолозите Џералд Гартленер и Петер Климек тврдат дека, сепак, нема да има преоптоварување на одделенијата за интензивна нега и дека не е потребно заклучување на есен. Тие веруваат дека заштитните мерки, како што се носење маски и држење растојание ќе бидат неопходни.

Според Климек можно е да има и други ограничувања, но оти нема да има потреба од затворање на училишта.

Двајцата експерти претпоставуваат дека бројот на излекувани лица од Ковид-19 е двојно поголем од официјалната статистика и изнесува околу 650.000.

Како ќе се развива пандемијата наесен, засега е нејасно, посочуваат тие, но сметаат на помал број пациенти со Ковид-19 со поголем број инфекции отколку што беше случај со претходните бранови.

Гартленер истакна дека третата доза на вакцината ќе биде важна за заштита на граѓаните.