Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на Фејсбук информираше дека е позитивна на тестот за коронавирус, кој го направила вчера по незначителни здравствени проблеми.

Арифи пред повеќе од месец и половина ја примила втората доза од вакцината. Во својата објава ги охрабрува сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро, бидејќи, како што вели, благодарение на вакцинацијата има само благи симптоми на вирусот.

„Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија“, напиша градоначалничката.