Со овации за помошта и спасот од пламените јазици, беровцани синоќа ги испратија пожарникарските херои од Словенија.
Друга група се врати во родната земја утрово. Во знак на благодарност за гостопримството со звучна сигнализација ги поздравија граѓаните.
Пожарникарите утрово заминаа од Берово и ги поздравија беровци со звучна сигнализација. Градоначалникот Звонко Пекевски на пожарникарите им додели благодарници за неуморната бора со огнените јазици кои ја зафатија претходните денови Малешевијата.
„Да се заблагодарам на луѓето кои ни помогнаа, одлично соработувавме со нив и нашите пожарникари ќе имаат убави сеќавања и сакам да се вратиме повторно, но не пожари туку како туристи“, вели командирот.
Во знак на благодарност, добија традиционално македонско вино.
„Како благодарност на овие наши ценети по нужност гости кои го дадоа своето знаење, својата умешност, своето пожртвување да ги спасат нашите Малешевски планини и од таа гледна точка ние како еден гест на благодарност им даваме еден поклон, вина од нашата винарија“, порача Звонко Пекевски.
Земјава ја напуштија и пожарникарите од Австрија кои пак имаа создадено цел град за функионирање и справување со пожарите.
Оваа контролна соба беше главна, од тука преку најмодерна технологија се координираше акцијата на терен.
Поради уморот, австријските пожарникари беа и сменети од свои колеги, а тоа се случи преку ноќ со посебен чартер лет.