Денеска заседаваше Централниот комитет и ги потврди одлуките за кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори. И во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени досега утврдените кандидати.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа.
И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца.
ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика!