Американските сили што го штитат аеродромот во Кабул убиле две вооружени лица, изјави денеска неименуван американски претставник.

Британските медиуми пренесуават дека претставници на американската војска претходно денеска соопштија дека седум лица загинале во хаосот на аеродромот во Кабул, меѓу кои имало и луѓе кои паднале од американски воен транспортен авион.

Авганистанците побрзаа на аеродромот во Кабул додека ги фати паника обидувајќи се да ја напуштат земјата поради талибанците, а некои се качија на американски воен авион пред полетување.