Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ почина на 75 годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврдил неговиот син.
Лане пред повеќе од една недела беше примен на ВМА поради проблеми со дишењето кога беше тестиран на коронавирус со негативен резултат.
Неговата здравствена состојба нагло се влошила, по што актерот бил приклучен на респиратор.
Милан Лане Гутовиќ својата популарност на стекна по познатата улога на директорот Среќко Шојиќ во серијалот филмски комедии „Тесна кожа“.