Нешто пред 16 часот се случи голема експлозија на влезот во аеродромот во Кабул.
Репортерот на Фокс њуз Лукас Томлинсон на Твитер објави дека во експлозијата се ранети најмалку тројца американски војници.
Талибанците јавија дека најмалку 11 лица се убиени во експлозијата, вклучувајќи странски државјани и деца, а дека и талибански чувари се ранети.
Во Кабул потоа се случија уште две експлозии. Експлозиите биле на страна од аеродромот и ги потврди министерството за одбрана на Турција.
На Твитер е објавена фотографија за која се наведува дека е снимена непосредно по експлозијата.