Денеска во пратеничката канцеларија на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива беше одржана средба помеѓу опозициските партии во Македонија земја во пресрет на локалните избори.
Претседателите на Алијансата на Албанците, Зијадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, се сретнаа со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тема на ова средба биле претстојните локални избори и можноста за опозициска соработка помеѓу овие партии, при што како главен мотив била посочена борбата против корупцијата и криминалот застапени во општините раководени од СДСМ-ДУИ.
Тројцата претседатели констатирале дека водејќи се од извештајот на Транспаренси Интернешенл, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, станува неминовна опозициската соработка, со цел единиците на локалната самоуправа да бидат ослободени од корупциското владеење, од нетранспарентното трошење на пари и од злоупотреба на власта на СДСМ и ДУИ на сите нивоа на државната управа.
Затоа, констатирале тие, потребно да се соработува со цел општините да бидат институции во служба на граѓаните, со силен и рамномерен локален економски развој, со буџетска поддршка за децентрализација во областите образование, култура и спорт, како и со тежнеење да бидат зелени општини кои ќе обезбедат чист воздух и заштита на животната средина.
Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучиле за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии.
За начинот и деталите на соработката ќе се договараат општинските организации на трите партии.