Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.
Попладне претежно во источните делови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 32 степена.
За време на викендот ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткотраен дожд, утре претежно во источните делови, а во недела во планинските подрачја. Во западните делови во недела ќе дува засилен западен ветер. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен западен и северозападен ветер.