Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен ќе ја започне трката во Формула 1 во Спа од боксот.
Тимот одлучи да ја смени спецификацијата на задното крило на болидот на Раиконен.
Светскиот шампион од 2007 година заврши на 19. место во квалификациите и ја доби 18. стартна позиција поради казната на Ленс Строл на Астон Мартин.