Дваесетгодишната војна и американското присуство во Авганистан беа „трагедија“ за таа земја, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин – еден ден по завршувањето на повлекувањето на САД.
– Дваесет години американски војници беа присутни на оваа територија и дваесет години се обидуваа (…) да ги „цивилизираат “луѓето што живеат таму. А всушност, ги наметнуваа нивните норми и стандарди на живеење, изјави Путин на средба со ученици, пренесува ТАСС.
– Како резултат, само трагедии. Само загуби. И за оние што го направија тоа, за САД, а уште повеќе за луѓето што живеат во Авганистан, додаде шефот на државата, кој е на турнеја на Далечниот Исток на Русија.
Што се однесува до иднината на таа земја по повлекувањето на САД и нивните сојузници, Путин смета дека е „невозможно да се наметне нешто однадвор“.