Најмалку 23 лица загинаа во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во североисточниот дел на САД.
Меѓу загинатите во Њујорк и Њу Џерси има и двегодишно дете. Во Мериленд е пронајдено тело на 19-годишно момче во поплавен стан.
Имено, остатоците од ураганот Ида, кој изминатиот викенд ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и огромни поплави.