Денеска го видовме тоа што сите го знаат и го гледаат, откако СДСМ и Заев дојдоа на власт. Судот го спроведе тоа што Зоран Заев го напиша, беше реќено на денешната прес-конхеренција на ВМРО-ДПМНЕ, по соопштувањето на пресудата за случајот „Тенк“.
– Денеска видовме во живо како функционира политички суд и како се изрекуваат политички пресуди. Го видовме на дело непринципиелниот брак помеѓу власта на Заев и судот. Бенефиците од овој брак сега се во корист на Заев, но многу брзо ќе се свртат на негова штета. Тоа оди правопропорционално со добивањето и губењето власт. Така функционира нереформираното и клиентелистичко судство. Судот не го интересираат ниту докази, ниту факти, ниту аргументи. Судот го интересира само реализација на политичките нарачки на Зоран Заев и СДСМ за пресметка со сите кои што мислат поинаку, рече Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека во време кога власта прифаќа секакви отстапки, во време кога граѓаните се сведоци на масовен грабеж, осиромашување и пад на економијата, судот ја прифати улогата на изршител на наредбата за дефокусирање од вистинските проблеми и сеење на страв меѓу сите кои мислат поинаку.
– Пораката која што Заев и СДСМ преку судот ја испраќаат е јасна и вели дека не е важно дали има каква било основа или доказ, затоа што да бидеме искрени ова е дело на кое се смеат сите правници, важно е дека секој што се спротивставувал и ќе се спротивставува на антидржавните политики може да заврши со осудителна пресуда. Оваа пресуда не е пресуда заради тоа што некој се стекнал со противправна имотна корист, или заради тоа што и била направена некаква штета на државата, затоа што штета нема, мерцедесот и сега се вози, не си го зема Никола Груевски дома. Ова е пресуда која има повеќе цели, тие се Груевски кој беше симбол за зачувување на националните интереси, економски успеси, привлекување инвеститори, реформи, зголемување на плати, пензии, социјална помош, субвенции, градби и се друго да се засени и да биде политички дисквалификуван, рече Николовски.
Тој потсети дека „во овие три дена македонската јавност се убеди дека во Македонија се водат чисто политички монтирани процеси, а правдата има двојни аршини“:
– Пред два дена, обвинителството и судот, највисоките органи задолжени за еднаквоста на правото, правдата и правната држава го ослободија од вина Зоран Заев убедувајќи ги граѓаните дека тоа што го гледаат не е така, дека снимките на кои што бара евро за Вице и евро за црквата, всушност и не го виделе и не постојат. Му го преквалификуваа обвинението и го ослободија од одговорност исто како што најавија преквалификување на обвинението за масакрот кај Смилковското Езеро и како што ги ослободија осудените за случајот Сопот. После денешната пресуда останува горчливиот вкус дека правдата не постои и е само политички инструмент. Ова што го гледаме денес не е правда, туку неправда. За сите незаконски дејствија ќе следи ревизија, беше речено на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.