Д-р Весна ЈАНЕВСКА

Сѐ што до сега сум кажала во врска со образованието е решливо, ќе го средиме, освен потрошените пари, се разбира. Ќе испечатиме учебници, ќе направиме нови, модерни за сите одделенија и во основно и во средно. Ќе продолжиме со дигиталнно описменување на учениците. Ќе воведуваме и спроведуваме вистинска реформа, ќе ги превземем сите чекори потребни за подготока на теренот со цел успешни реформи и подобар успех на учениците.

Она што мене ме плаши се длабоките разлики во восприемање на науката и начинот на восприемање на базичните човечки права и вредности, во сфаќањето што тоа нашите деца треба да знаат и како да размислуваат.

За да биде јасно за што зборувам ќе издвојам урок од новиот учебник за историја и општество за 4 – то одделение чии автори се м-р Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а рецензенти на учебникот се Елена Максимовска и д-р Куштрим Ахмети.

Лекцијата е за Илинденското востание. Станува збор за приказна во која внуката го прашува дедото, а тој ѝ одговара.
-А што е тоа востание? – зачудено прашува Илина.
– Востание е организирана борба на луѓето за поголеми права. Вообичаено се случува заради незадоволство од власта. ВоИлинденското востание, населението било незадоволно од османлиската власт. Затоа повеќе истомисленици, се договориле да се борат за да ја променат власта – објасни дедо Димо.
– А зошто токму во Крушево? – повторно праша Илина.
– Затоа што таму востаниците успеале да создадат своја власт и слободна територија наречена Крушевска Република. Таа постоела само десет дена, но е многу важна за создавање на македонската држава – одговори дедо Димо……………………………….
– Ако не успеало Илинденското востание, зошто е толку важно? – праша Илина.
– Многу е важно заради тоа што во востанието не се бореле само Македонците, туку и сите други кои живееле на тие простори………..“

Значи како ученици да повториме и извлечеме заклучоци:
1. Во Илинденското востание населението било незадоволно од османлиската власт.
2. Затоа истомислениците се бореле за да ја промената власта.
3. Крушевската Република е многу важна затоа што во неа не се бореле само Македонците.

Јас, пак, комплетно неука, мислев дека, национално освестени, Македонците се бореле за слобода и своја држава, бидејќи се чувствувале како робје под туѓа окупаторска власт. Тоа што не се бореле сами, туку ги повикале и другите е само нивна доблест затоа што сочуствувале со нивната мака.
Што е право право е под горе наведениот текст се наоѓа слика од Крушевскиот манифест кој завршува со “Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата! Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој! Ура! За “Афтономна Македонија“!
Честито нов учебник по историја и општество Македонијо!