Прекрасно саботно попладне поминато на лозјата во Барово, објави министерката за образование Мила Царовска.

Таа откако неделава им посака добредојде на учениците во училиштата во Македонија во период кога четвртиот бран од коронавирусот како цунами се шири низ Македонија, викендов го минува на гроздобер.

– Прекрасно саботно попладне поминато во дружење со синот Давид на лозјата во Барово. Задоволство беше да се учествува на дипломатскиот гроздобер 2021 година организиран од Тиквеш, објави Царовска на нејзиниот официјален профил на Фејсбук.