Големото дерби на јужноамериканските квалификации за СП во Катар во Сао Паоло меѓу Бразил и Аргентина, беше прекинато по само седум минути.
Најпрвин се милсеше дека станува збор за интервенција на бразилската полиција и здравствени власти кои влегоа на теренот, но пото се дозна дека наптреварот го прекинал судијата, веројатно по барање на властите.
Имено, Бразил овој натпревар го започна без четворица играчи кои настапуваат во Премиер лигата, а кои според бразилските корона прописи мора да одат во карантин од 14 дена пред да влезат во Бразил.
Наспроти тоа, аргентинската репрезентација го почна натпреварот токму со четворица премиер играчи.
Не е јасно меѓутоа, зошто било дозволено натпреварот да започне, па да биде прекинат, кога сето ова беше познато и пред почетокот.
Значи, натпреварот беше прекинат во 7 -та минута. Аргентинските фудбалери, предводени од капитенот Лео Меси, отидоа во соблекувалната, додека Бразилците, предводени од Нејмар, останаа на теренот и чекаа да продолжи натпреварот.
Според други информации, четворицата аргентински играчи од Премиер лигата доставиле лажна документација до бразилските здравствени власти според која тие во последните две седмици не биле на тлото на Велика Британија, Јужна Африка, Индија или Северна Ирска. Јасно е дека сите четворица беа на Островот во тој период, на пример, Буендија беше стрелец против Брентфорд пред една недела.
Во официјалната изјава, Агенцијата за здравствен надзор на Бразил го истакна следново:
– Четворица аргентински фудбалери влегоа во Бразил со кршење на санитарните прописи со лажни изјави во официјална форма – се наведува во нивното соопштение.