Најмалку едно лице загина, а неколку згради се оштетени во земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико во текот на ноќта.
Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот.
Делови од мексиканскиот главен град и Акапулко останаа без електрична енергија. Локалните власти потврдија дека едно лице загинало при пад на комунален столб, а засега нема извештаи за поголема материјална штета од земјотресот.