Капитенот на грчката фудбалска репрезентација која го освои ЕУРО2004,Теодорос Загоракис се повлече од местото претседател на Фудбалската федерација на Грција по само пет месеци минати на должноста.
Загоракис не ги објасни причините за својата оставка, но грчките медиуми наведоа дека не се согласувал со „внатрешниот непријател“ во федерацијата, иако беше избран со 66 гласови од можните 68.
Загоракис, кој беше прогласен и за најдобар играч на ЕУРО2004, го поддржаа сите најголемите грчки фудбалски клубови – Олимпијакос, Панатинаикос, ПАОК и Арис, како и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.