Израелски борбени авиони погодија локации на Хамас во Газа како одговор на ракетните напади врз Израел во петокот вечерта, напиша портпаролот на израелската војска рано утрово на Твитер.
„Сирените за предупредување од ракетирање се огласија доцна синоќа во близина на израелската граница со Појасот Газа“, соопшти израелската војска.
Сирените се огласија само неколку часа откако полицијата фати двајца милитанти од групата Исламски џихад во Газа, кои претходно оваа недела избегаа од најбезбедниот израелски затвор.
Како што јавуваат странските агенции, неодамнешниот пораст на прекугранично насилство го тестира кревкиот прекин на огнот што стави крај на жестоките борби во мај. паг/