Автор на нон-пејперот за односите со Бугарија е Никола Димитров со цел да се дефокусира вниманието од јавноста после пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 луѓе, истакнува денеска на својот ФБ профил Александар Николоски, потврдувајќи ја на тој начин синоќешната изјава на ТВ Алфа во која за прв пат ја изнесе оваа информација.
Николоски денеска, на ист начин ја потврди и изјавата од синоќа дека Мила Царовска ќе одговора после промената на власта затоа што во прво и во четврто одделение има дигитални учебници, а нема закон за дигитални учебници.
Таа ќе оди во затвор за ова, истакнува Николоски.