Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен од изданието на неговите избраници на натпреварот против Јувентус (1:1) синоќа во 4. коло од Серија А.
– Дојдовме да победиме. Јувентус беше подобар во првите 20 минути, но ние продолживме да играме и делувавме многу подобро кон крајот на натпреварот, имаше шанси за победа, така што во целина тоа е добра игра. Игравме против Јувентус, а тоа се Дибала, Мората, Алекс Сандро, Бонучи, Киелини. Покажавме добар фудбал. На Милан не му недостасуваа желба, карактер, став и храброст, па продолживме да бараме начини за победа како што одминуваше натпреварот. Можеби минатата сезона ни беше потребна самодоверба. Сега мора да разбереме дека сме на високо ниво и мора да се бориме за победа до самиот крај. Ми се допадна нашата храброст, ние бевме подготвени да ризикуваме и да останеме без бод, стремејќи се да победиме, изјави Пиоли.
По четири кола во Серија А, Милан е на делба на првото место со градскиот ривал Интер со по 10 бода.
Јувентус е 18. Со само два бода.