Назим Даути, член на Комисијата за попис во Тетово, вели дека немаат проблеми со мрежата и софтверот и дека до сега се попишани 76 илјади граѓани, пренесува ТВ 21.
„Постапката за попис на населението тече без проблеми и пречки иако се соочуваме со мали проблеми од време на време, две-три минути има пад на системот, имајќи предвид дека комисијата број 32 ја покрива општина Боговиње. Ги имаме и планинските села и понекогаш паѓа мрежата, како на почеток кога системот не работеше 4 дена. Досега во Општина Тетово се попишани 76 илјади граѓани“, посочи Назим Даути.
Бројот на тие кои не сакат да се попишат е многу мал.
Во општина Тетово, на пописот во 2002 година биле пошишани 86 580 граѓани. Со оглед на тоа шти има неколку ден адо рјаот на пописот, извесно е дека оваа бројка ќе биде стигата и надмината, иако Тетово е со голем одлив на наслеление во странство. Но, веројатно, попишувањето при кое едно лице може да пријави повеќе други лица, давајќи ги смао нивните матични броеви, ги дава своите резултати.