Европската унија вчера ги отстрани Ангвила, Доминика и Сејшелите од својата „црна листа“ на даночни оази, а истовремено ја додаде Македонија на „сивата листа“, која вклучува земји кои имаат несоодветни даночни стандарди, но се обврзаа на измена на прописите во согласност со барањата.
Ангвила, Сејшели и Доминика претходно беа ставени на „црната листа“ бидејќи не ги исполнуваа критериумите за даночна транспарентност, потсетува агенцијата Асошиејтед прес.
„Црната листа“ на ЕУ беше воспоставена во 2017 година со цел да се бори против растечкото затајување данок и редовно се ажурира.