Значајно е да се каже дека вчерашниот Самит на Европската народна партија е посветен на Западниот Балкан е многу значаен за регионот. Бидејќи од најголемото политичко семејство во ЕП имаме јасна и недвосмислена поддршка за регионот за целосно интегрирање на регионот во рамките на ЕУ, а ние како ВМРО-ДПМНЕ се разбира јасна и недвосмислена поддршка за следните локални избори, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека две влијателни земји членки на ЕУ биле против дефинирање на датата односно година до која треба да се интегрира Западен Балкан во ЕУ.

-Она што можеби е разочарувачко што таму го дознав лично од претседавачот со ЕУ, премиерот на Словенија, господинот Јанез Јанша кое го кажа на состанокот е дека во суштина било потребно да се дефинира и од негова страна било предложено да се дефинира дата, односно година до која што ќе биде целосно интегриран Западниот Балкан, а тоа е 2030-тата година. Две влијателни земји членки биле против дефинирање на краен рок за интегрирање на земјите на Западен Балкан во рамките на ЕУ, да биде тоа 2030-тата година, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека за него лично ова е разочарувачки.

-Но, она што за мене е разочарувачки е дека практично сите оние лаги кои што ги живееме 52 месеци, пет години откако СДСМ и Зоран Заев се Влада во Македонија. Практично се излегува на површина. Сите ние сме сведоци дека неговото политичко функционирање се темелеше на лажна вест, сите овие 52 месеци. Нема ништо, барем сега за сега од европското образование, европското здравство, како тој што викаше европскиот сон. Туку ќе треба да се справиме со корупцијата и криминалот кои што се би рекол најголем проблем во нашето општество, појасни Мицкоски.

Тој додаде и дека не може Бугарија да бара од Македонија да вклучи незначително бугарско малцинство во Уставот, а од друга страна македонското малцинство во Бугарија да не биде вклучено во бугарскиот Устав и да нема никакви права, мора да има мерки на реципроцитет.

Мицкоски изјави дека целиот процес е заглавен, а и Радев денеска потврди поради тоа што Бугарија инсистира декларацијата на бугарскиот парламент да биде дел од преговарачката која што ќе постои при евентуален почеток на преговори на Македонија со ЕУ, иако спротивно не убедуваше Зоран Заев  дека ќе се потпишел протокол во кој што немало да биде содржана рамката на бугарскиот Парламент.

– Денеска Радев тоа го кажува во неговата изјава дека на почетокот на ноември ќе добиеле протокол и доколку тој протокол содејствува со рамката на бугарскиот парламент и да биде тоа вклучено во преговарачката рамка, тогаш тие ќе го поддржеле преговарачкиот процес, вклучувајќи и амандман за вклучување на бугарско малцинство во Македонија, незначително бугарско малцинство во Македонија во рамките на Уставот, изјави Мицкоси.

Мицкоски истакна дека за да помине тоа барање на Бугарија во македонскиот парламент потребно е двотретинско мнозинство кое Заев го нема, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи истото да помине доколку Македонците во Бугарија не влезат во бугарскиот Устав.