Нафтените деривати од полноќ поскапуваат од два до два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за два денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 75,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе чини 67,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство 67 денари.

Мазутот поскапува за 1,630 денар/килограм и согласно новата одлука на РКЕ ќе чини 42,761 ден/кг.

Новото поскапување на нафтените деривати, од РКЕ го објаснуваат со зголемувањето на цените на нафтата на светските берзи во изминатите седум дена.