Кандидатот за премиер на Германија на Социјалдемократската партија Олаф Шолц денеска изјави дека земјата ќе има нова влада најверојатно пред Новогодишните празници.
Според него, преговорите со потенцијалните коалициски партнери се одвиваат во добра и конструктивна атмосфера.
Шолц, кој во моментов е на состанок на ММФ во Вашингтон како актуелен министер за финансии, изрази уверување дека „проектот ќе успее и Германците ќе добијат нова влада пред Божиќ“.
Тој изрази надеж дека Социјалдемократската партија ќе формира коалициска влада со Зелените и либералите.