Во последните 24 часа, во Косово нема регистрирано смртни случаи како резултат на инфекција со корона вирус, соопшти денеска Министерството за здравство на Косово.
Од петок до сабота, уште 15 лица биле заразени со вирусот корона, додека биле тестирани 2.579 примероци, што е некаде околу 0,6 отсто, податок кој изгледа неверојатно.
Истовремено, во Србија има секој ден по околу 30 отсто позитивни од тестираните, а во Македонија меѓу 11 и 14 отсто.
56 пациенти се прогласени за излекувани, додека вкупниот број на оздравени е 156.812. Вкупниот број на активни случаи е 745.