Претставникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за дијалогот Белград-Приштина, Ричард Гренел, се осврна на неодамнешните настани во северно Косово.

Гренел напиша на Твитер дека е убеден дека најновото насилство немаше да се случи доколку Доналд Трамп и неговиот тим се уште беа на функција.

Гренел вели дека шефот на УНМИК ја обвинува лошата комуникација, ЕУ, Фон дер Лајен и НАТО за неодамнешното насилство, но дека тој е тој што  е неефикасен и бавен.

“УНМИК е губење на американските долари на даночните обврзници и треба драстично да се реформира или изгасне. Убеден сум дека ова најново насилство немаше да се случи доколку Доналд Трамп и неговиот тим се уште беа на функција. Тимот на Трамп се грижеше за Балканот и беше вклучен во детали. Лидерството е важно “, напиша Гренел.

Тој, исто така, сугерираше дека лидерите во Белград и Приштина треба да се согласат веднаш да престанат со кампањите за признавање и одпризнавање, иако, како што изјави, Џо Бајден одби да се вклучи.