Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред Самитот на Европска Унија во Брисел изјави дека причината за енергетската криза се утописките фантазии на Европска комисија.
– Тоа што (Франс) Тимерманс и другите го предлагаат е убивање на средната класа во Европа, што е темел на европската демократија. Нивните утописки фантазии нè убиваат, тоа е проблемот со цената на енергијата, истакна Орбан.