Во скопското село Бојане денеска ќе се одржи традиционалниот Фестивал на грозје.
Манифестацијата бележи јубилеј, пет години од постоењето, а се фокусира на развојот на селскиот туризам и афирмацијата на грозјето.
Како што информира ЗИП Институтот, Фестивалот ќе се одржи на новиот плоштад во Бојане од 14:00 часот.
Покрај можноста да се вкуси слаткото грозје на Бојане, фестивалот нуди и богата фолклорна содржина.