Кампањата која зема замав на Запад за отстранување на родово заснованиот говор му пркоси на разумот и ја поткопува човечката природа, рече рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека децата не треба да се подучуваат дека биолошкиот пол не постои, пренесе Раша тудеј.
– Дискусијата за правата на мажите и жените во голем број западни земји се претвори во целосна фантазмагорија. Тие што ризикуваат да кажат дека мажите и жените сè уште постојат и дека ова е биолошки факт, практично се отфрлени, рече Путин во говорот пред државниците и новинарите во клубот за дискусија Валдаи во Сочи
Тој наведе примери, како што се забраната на зборовите „мајка“ и „татко“ во корист на термините „родител еден и родител два“, како и забрана на фразата „мајчино млеко“ и нејзино заменување со „човечко млеко“, така што луѓето несигурни за својот пол да не се вознемират“.
– И ова не е ново. Во 1920-тите, советските културни воини измислија таканаречен „новговор“, верувајќи дека на овој начин ќе создадат ново чувство на свест и ќе ги редефинираат вредностите на луѓето. Да не зборуваме дека ова се работи кои едноставно се монструозни, рече Путин.
Тој натаму додаде „кога децата уште од мали се учат дека момчето лесно може да стане девојче и обратно, всушност, ги индоктринираат во наводниот избор што наводно е достапен за секого – ги отстрануваат родителите од равенката и го принудуваат детето да донесува одлуки што можат да му го уништат животот“.
– Ова се граничи со злосторство против човештвото – сето тоа под превез на „напредок“, рече рускуиот претседател Путин.