Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска објави дека македонски војници ќе одат на границата со Русија да го засилат присуството на НАТО во овој регион.
– Заеднички ја зацврстуваме одбраната на Алијансата. С. Македонија ќе се вклучи во словенечкиот контингент во т.н.„Зајакнато истурено присуство“ на Алијансата во Латвија, предводени од Канада. Заедно сме посилни!- објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.
Министерката Шекеринска, како што објави вчера, испраќањето македонски војници во овој регион, кој граничи со Русија, е планиран за идната година.