Продолжуваат тензиите во Кочани, каде екипата на Инфомакс вербално беше нападната во ромското маало каде што се обидуваа да снимаат партиски штаб кој беше отворен за време на изборниот молк и каде, како што изјави и еден од лицата кои беа присутни таму, се правеа списоци, пренесува Курир.
Новинарите биле вербално нападнати, по што им бил блокиран патот со автомобил и не им дозволувале да заминат.
Тие, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратеникот Миле Лефков заминале во полициска станица да го пријават настанот.
Од страна на полициските службеници, во исто време со пријавителите, биле повикани и лицата затекнати во партискиот штаб кои веднаш се појавиле пред полициската станица и продолжиле со заканите кон Лефков, Мицкоски.
Присутните упатувале навредливи зборови и им се закануваа на пријавителите и им повторуваа дека немаат никакво право да снимаат.
снимаат.