ВМРО-ДПМНЕ прогласи победи во 12 општини во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ издвојува убедлива победа во Охрид, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Битола, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново, Конче и Лозово.
Данела Арсовска инаку има и убедливо водство во градот Скопје.
Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,66 проценти.
Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.