Стевче Јакимовски прогласи победа во општина Карпош.
-Оваа историја се вика победа на граѓаните на Карпош. Од самиот старт кога одлучив да се кандидирам, знаев дека ќе дојдам до оваа ситуација. Бев сигурен дека ќе победиме. Бев сигурен во довербата која ја имав во граѓаните на Карпош и знам дека и тие ја имаат довербата во мене. Знам дека во наредниот период ќе ги корегираме грешките, ќе работиме уште попосветено и поорганизирано. Уште повеќе ќе бидат отворени вратите за граѓаните на Карпош за да ги решаваме нивните секојдневни проблеми, порача Јакимовски.